Садио Мане ја имаше најубавата шанса во првото полувреме во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, но извонредната реакција на Тибо Куртоа го спречи да се радува на гол.
Кралскиот клуб постигна гол во 44. минута, но беше постигнат од офсајд, што беше потврден и со помош на ВАР системот.
Долго се проверуваше дали Валверде, или Конате ја удри топката која дојде до Бензема,а овој ја испрати зад грбот на Алисон.
По првото полувреме нема голови во Париз на „Стад Де Франс“, па се очекува подобра игра и голови во продолжение од мечот.
Во 21. минута Мане упати удар кон голот на Реал, а Куртоа во последен момент одлично одбрани и и го смени правецот на топката која удри во стативата.
Шансата на Мане и одбраната на Куртоа можете да ги погледнете ОВДЕ.
Ливерпул беше поактивен тим во првот полувреме, но одличниот Тибо Куртоа ги спречи да водат пред стартот на вториот дел.
Англискиот тим упати пет удари во рамките на голот на Реал, а најтрофејниот европски клуб немаше ниту еден директен шту кон голот на Алисон Бекер.