Соработката помеѓу белгискиот голман, Тибо Куртоа, и Реал Мадрид ќе продолжи најмалку до 2027 година. Ова го договориле двете страни, а тоа значи дека актуелниот договор кој истекуваше следното лето, ќе биде продолжен за уште една сезона.
„Камен на сопнување“ беа клаузулите од договорот на Белгиецот, според кои можеше да го продолжи престојот на „Сантијаго Бернабе“ по автоматизам, односно според бројот на одиграни натпревари.
Сега тие клаузули се отстранети, па на истекот на новиот договор, двете страни повторно ќе преговараат за продолжување на соработката.
33-годишниот голман во Мадрид пристигна во 2018 година од Челзи за 35 милиони евра.