Куртоа ќе брани против Македонија? „Сакам да играм на СП 2026“

Новиот селектор на Белгија, Руди Гарсија, најави дека сака да ги врати во репрезентацијата трите големи ѕвезди: Тибо Курота, Ромелу Лукаку и Кевин де Бројне. Тоа би значело дека би играле против Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026, каде што освен ние и Белгија, во истата група се и Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

„Во моментов не можам да кажам ништо освен дека разговарав со Гарсија телефонски. Наскоро ќе пристигне во Мадрид и тогаш ќе разговараме. Никогаш немав проблеми со моите соиграчи. Конфликтот беше само со поранешниот селектор. Мојата цел е да добијам шанса да играм на Светското првенство во 2026 година. Отсекогаш сакав да играм за репрезентацијата, но имав конфликт со селекторот. Дали ќе играм против Украина во Лигата на нациите? Да видиме прво дали селекторот ќе ме повика“, рече Куртоа.

Белгија во март игра двомеч против Украина за опстанок во дивизијата „А“ на Лигата на нациите, а квалификациите за Светското првенство за нив започнува во јуни.

- Оглас -

Најнови вести