Како ретко кога, Реал Мадрид на убедлив начин е елиминиран од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб вечерва загуби од Арсенал со 1:2 во Мадрид и ако на тоа се додаде поразот од 3:0 на првата средба во Лондон, англискиот тим на крајот по 180 минути оди понатаму со вкупен резултат од 5:1.
Голманот на Реал, Тибо Куртоа, признава дека неговиот тим бил послаб од противникот.
„Арсенал беше подобар тим од нас. Затоа тие победија. Мора да го прифатиме тоа. Ние сме тим, но чувствувам дека игравме премногу индивидуално. Ако сакаме да победуваме, мора да бидеме подобри. Оваа сезона можеби ни недостасуваше напаѓач како што е Јоселу, играч кој може да ги добие воздушните дуели со англиските ривали“, рече Куртоа по поразот од Реал Мадрид.
Како една од причините за поразот во реваншот, сигурно е и фактот дека фудбалерите на Реал Мадрид истрчале 8,5 километри помалку од играчите на Арсенал.