Куртоа со интересно објаснување зошто Реал не го победи Ал Хилал

Реал Мадрид неубедливо започна на Светското клупско првенство откако одигра 1:1 во дуелот против Ал Хилал од Саудиска Арабија. Кралскиот клуб водеше со 1:0, но потоа прими гол од пенал. Европскиот гигант повторно имаше шанса да стигне до триумф, но Валверде промаши пенал во 90+2 минута, па резултатот остана нерешен.

По мечот, голманот на Реал, Тибо Куртоа коментираше дека промената на тренерот и стилот на игра на Чаби Алонсо се сосема поинакви од тоа што било додека на клупата бил Карло Анчелоти.

„На овој меч бевме со стилот на игра кој го бараше Анчелоти од нас. Не може да се направи промена за само четири дена со нов тренер“, рече Куртоа.

Реал ушати дури 19 удари кон голот на Ал Хилал, од кои седум удари беа во рамките на голот, но постигна само еден гол. Тоа што е интересно е дека ова е седми промашен пенал за Реал во сезоната која што изминува.

„Игравме премногу бавно во првото полувреме, се мачевме да влеземе во играта, тие беа поопасни. Направивме глупав пенал и дозволивме тие да го израмнат резултатот. Во второто полувреме го поправивме она што требаше да го поправиме, побрзо, поагилно. Штета за пеналот, но ова мора да ни помогне. Ова беше наш прв меч под новиот тренер. Мислам дека добро се снаоѓаме, но секако дека има работи кои треба да се корегираат“, додаде Куртоа по ремито против Ал Хилал.

- Оглас -

Најнови вести