Реал Мадрид дојде до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а клучниот момент од мечот против Атлетико Мадрид беше поништениот пенал на Хулијан Алварес поради двојна игра со топката.
Голманот на Кралевите, Тибо Куртоа, по мечот го нападна тренерот на Јорганџиите поради изјавата дека пеналот не требало да биде поништен, па го обвини дека глуми жртва.
„Видов дека нешто чудно се случи, па му се обратив на судијата, а потоа беше потврдено дека имало двоен допир со топката и голот оправдано е поништен. Алварес се лизна и двапати ја допре топката и тоа се смета за промашен пенал. Не може двапати да играте со топката. Немаше среќа, но такви се правилата. Симеоне рекол дека не е фер да се поништи пеналот на Алварес? Мислам дека УЕФА јасно гледа што се случува. Заморен сум од тоа постојано да глуми жртва од себе и од постојаното плачење за вакви работи“, рече Куртоа.
Реал Мадрид за противник во четвртфиналето ќе го има Арсенал.