Краток ќе биде престојот на Трајковски во Мајорка – „Марка“ најавува заминување на македонскиот репрезентативец

Александар Трајковски веројатно ќе има краток престој во Мајорка, а реномираниот шпански медиум „Марка“ најавува дека македонскиот репрезентативец ќе си замине од редовите на прволигашот веќе во зимскиот преоден рок.

Трајковски во последно време воопшто и не е во комбинација за настап во мечевите од Ла Лига и тренерот на Мајорка, Виктор Морено, воопшто и не го вклучуваше во поширокиот состав.

Трајковски одигра еден меч против Ел Аламо во шпанскиот куп, а во последните два месеца не одигра ниту минута за Мајорка во шпанското првенство.

Летово, како слободен играч, Трајковски од Палермо се пресели во Мајорка и потпиша четиригодишен договор со годишна плата од околу 650 илјади евра. Отштетната клаузула му е 45 милиони евра, а најверојатно Мајорка ќе се обиде да го позајми на друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести