Сè поизвесно е дека Баерн Минхен нема да го откупи Филипе Кутињо по крајот на сезоната, што значи дека ексиграчот на Ливерпул ќе се врати на „Камп ноу“. Баварците треба да платат 120 милиони евра за да го откупат договорот на Бразилецот, но германскиот првак нема толку лесно да потроши толкава сума за еден играч.
Во таква ситуација, Кутињо повторно ќе го облече дресот на Каталонците, а тоа ќе го стори со помош на тренерот Кике Сетјен. Наводно, Сетјен ѝ порачал на управата на Барселона дека сака да го задржи Кутињо и да му даде шанса во првиот тим. Верува дека ќе го извади најдоброто од него, односно има формула како да го разигра офанзивниот играч за врска.
Додека Валверде беше на клупата на шпанскиот првак, Кутињо не се снајде во формацијата 4-3-3 ниту како играч за врска, ниту како крило, па ќе биде интересно да се види каква идеја има Сетјен.
Инаку, Кутињо оваа сезона одигра вкупно 32 меча за Баерн, во кои постигна девет гола и запиша осум асистенции.