Директорот на Барселона Гилјермо Амор изјави за шпанските медиуму дека каталонскиот гигант има начелен договор со Баерн Минхен за трансфер на Кутињо во редовите на германскиот шампион.
Објавено е дека најверојатно се работи за позајмица, но со обврска за Баерн подоцна и да го откупи договорот што Кутињо го има со Барселона. Тој начин на работа стана модерен тренд во светски рамки, кога станува збор за фудбалот.
Ако се оствари најавата што Амор ја објави со изјава за шпанските медиуми, тогаш пропаѓа и варијантата Кутињо да биде дел од размената за кам-бек на Нејмар на „Камп Ноу“.
Беше објавено дека Кутињо е во игра за пакет аранжман со кој тој би се преселил во ПСЖ, а од Париз за Барселона би дошол неговиот сонародник Нејмар.
Наводно Барселона ги нуди Кутињо и Ракитиќ плус 120 милиони евра за да го добие Нејмар, а ПСЖ ги бара Кутињо и Семедо и да плати 80 милиони евра за да го испрати Нејмар на „Камп Ноу“.