Кутињо ќе се врати на Островот, но не како играч на Челзи или Арсенал

Филипе Кутињо не ја убеди управата на Баерн Минхен да го откупи неговиот договор од Барселона за договорената сума од 120 милиони евра, што значи дека ексиграчот на Ливерпул ќе се врати на „Камп ноу“ откако ќе му заврши позајмицата.

Сепак, тоа не значи дека Кутињо ќе остане во Барселона, туку клубот ќе се обиде да го продаде, а наводно веќе е позната неговата нова дестинација. Враќање на Островот речиси сигурно ќе се случи, но Кутињо нема да заигра за ниту еден од споменатите клубови кои се интересираа за него, како Челзи и Арсенал.

Од Њукасл се очекува да биде новата велесила во Премиер лигата со вложувањата на новите сопственици, а токму Кутињо да биде звучното име кое ќе пристигне на „Сент Џејмс парк“. Се шпекулира дека сума од 80 милиони евра ќе биде доволна за Барселона да му дозволи на Бразилецот да си замине, иако тренерот Сетјен смета дека може да му го најде местото во тимот.

Кутињо пред прекинот на сезоната одигра вкупно 32 меча за Баварците, во кои забележа девет погодоци и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести