Кутињо на пат кон Англија

Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо речиси сигурно во следната сезона ќе има нов клуб. Офанзивниот играч сезонава игра како позајмен играч во Баерн Минхен, но германскиот првак сигурно нема да ги плати бараните 120 милиони евра што Барселона ги бара за негов трансфер.

Многу веројатно е дека во следната сезона Кутињо ќе игра во некој тим во Англија. За него се интересираат Тотенхем и Лестер. По финансиската криза која го зафати светскиот фудбал, речиси сигурно е дека Барселона ќе ја намали сумата за заминување на Бразилецот, што само ќе ја олесни работата на клубот кој ќе сака во своите редови да го види овој квалитетен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести