Кутињо ретко дава голови што се важни – Баерн плаќа по 4,5 милиони евра за секој погодок на Бразилецот

Кутињо ретко постигнува голови што се важни и од 7 што ги постигна сезонава, само погодокот против Падерборн директно му донесе бодови на Баерн.

Баварците пресметаа дека прескапо ги плаќаат головите на Бразилецот и засега еден погодок во просек ги чини 4,5 милиони евра.

Платата на Кутињо за оваа сезона е 23 милиони евра, а Баерн ѝ плати на Барселона уште 8,5 милиони евра за позајмицата на бразилскиот ас.

Кутињо постигна шест гола досега во Бундеслигата во 21 рунда и еден во Лигата на шампионите. Му даде гол на Тотенхем во победата во фазата по групи во ЛШ, кога Баерн победи со 3:1, но и пред тој меч Баварците беа пласирани во нокаут-фазата.

Во германското првенство постигна хет-трик против Вердер во триумфот на актулениот шампион со 6:1, по еден погодок во убедливите победи на Баерн против Фортуна и Келн со по 4:0 и еден гол што се смета за важен и помогна да се освојат бодови во тесен меч против Падерборн, што Кутињо и соиграчите го добија со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести