14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Кузмановски: Ветувам борбена и агресивна Македонија

Македонскиот ракометар Филип Кузмановски е играч кој многу добро ги познава германските репрезентативци со кои утревечер во Берлин ќе имаме дуел на ЕП, бидејќи до пред некој месец играше во германската лига од која доаѓаат речиси сите нивни репрезентативци.

„Со Франција имавме многу позитивни работи, видовме и каде грешевме, криво ни е за тие технички грешки. Селекторот ќе ја одреди тактиката за Германија, имаме доволно време да се спремиме. Пред нас е тежок меч. Германија е многу силна, долг период бев таму, мотивирани се, домаќини се, одиграа добро против Швајцарија. Верувам борбена Македонија, ветувам дека ќе бидеме агресивни во одбрана“, вели Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести