Макс Ферстапен е прв фаворит за освојување на пол-позицијата на денешните квалификации од 17 часот, а пилотот на Ред Бул има и мотив плус да победи, затоа што ова е домашна трка на тимот кој е спонзориран од австриската компанија за енергетски пијалоци.
Но, лани на А1 ринг во Шпилберг во Австрија победи Шарл Леклер, што е последна победа за Ферари, па можеби италијанскиот тим ќе биде закана за доминантниот Ферстапен.
Утре ќе се вози спринт трката, а трката за Големата награда на Австрија е в недела.