Најдобриот фудбалер на Наполи, Квича Кварацкелија останува верен на Наполи. Според најавите, грузискиот репрезентативец се согласил да го продолжи договорот според кој ќе остане на „Диего Арамндо Марадона“ до 2029 година.
Со новиот договор Кварацкелија ќе заработува многу поголема плата, која сега ќе биде шест милиони евра по сезона, што е три пати повеќе од тоа што сега го добиваше.
Офанзивниот крилен играч пристигна во Наполи од тимот на Динамо Батуми за трансфер вреден 13 милиони евра и веднаш се промовираше во еден од главните играчи во екипата. Кварацкелија беше дел и од шампионскиот тим кој во 2023 година ја освои првата шампионска титула во Серија А по пауза од повеќе од 30 години.
Грузиецот досега има одиграно 89 мечеви за Наполи и има постигнато 25 голови, а има и 26 асистенции.