Кварежма на 35 години прави трансфер од Бешикташ во поголем клуб

Португалскиот ветеран Рикардо Кварежма по четири години во Турција, реши да го напушти Бешикташ и да се врати во татковината. Во следната сезона, 35-годишното крило ќе го носи дресот на Порто, клубот чиј дрес го носеше и од 2004 до 2008 година и во сезоната 2014/15.

Популарниот Мустанг со Порто освои три титули првак на Португалија, а со Бешикташ двапати беше шампион на Турција, со Интер има трофеј од Лигата на шампионите од 2010 година, иако таа сезона не играше многу.

Кварежма во моментов е во родната земја, каде што закрепнува од повреда и контактирал со луѓето од Порто, со кои си подале рака за соработка од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести