16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Квотите го фаворизираат Вардар за победа во дербито против Алкалоид

Вардар го пречекува Алкалоид во дербито на првото коло во суперлигашкиот дел од ракометната лига на Македонија. Двата тима се во одлична форма, но гостите од Автокоманта може да се и поизморени затоа што Алкалоид има жестоко темпо со мечевите во ЕХФ Европската лига, каде што се избори за место во полуфиналето.

Со по два бода стартуваат и Вардар и Алкалоид во овој решавачки систем во трката за титулата. Сезонава овие две екипи се сретнаа двапати и на двапати славеа домаќините. Алкалоид со 33:30 победи кога играше на свој терен, а потоа Вардар во „Јане Сандански“ беше подобар со 29:27.

Сега, улогата на фаворит е за Црвено-црните. Квотите во Sport Life велат дека Вардар треба да победи, а дилемата е дали хендикепот ќе биде под или над три гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести