Победата на Барселона против Баерн Минхен од 4-1 ги исфрли Каталонците како сериозен кандидат за трофејот во фудбалската Лига на шампиони, но според квотите во Sport Life, и понатаму на Баерн му даваат поголеми шанси отколку на Барса.
Финалето на ЛШ ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен и тоа е големата мотивација и плус за Баерн, но тимот има два пораза по ред и особено по синоќешниот дебакл се отвораат сомнежи дали може да одат до крај и покрај квалитетот што го поседуваат.
Во Барселона задоволно тријат раце, тимот е во топ форма сезонава, со ефикасна игра ги меле своите противници во Шпанија и Европа, но уште е октомври, а титулите се освојуваат во пролет, па никој не може да знае дали тимот ќе ја задржи оваа форма и во следните 6-7 месеци.
На Барса ѝ оди во прилог податокот дека претходно секогаш кога го победувале Баерн, а тоа се случувало во 2009 и 2015 година, на крајот на сезоната Барса освојувала тројна круна.
Според квотите во Sport Life, за победник на Лигата на шампионите прв кандидат е Манчестер сити, па Реал Мадрид, трет фаворит е Арсенал. Потоа следуваат Баерн, Ливерпул, Барселона, Баер Леверкузен и Интер.