Квотите јасно кажуваат: Македонија лесно ќе ја победи Малта!

Македонската фудбалска репрезентација од вчера ги започна подготовките за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година, а прв ривал ни е селекцијата на Малта. Дуелот ќе се игра в четврток, на Арената „Тодор Проески“, а ако се погледнат коефициентите, но и традицијата со овој ривал, Македонија важи за фаворит.

Со Малта досега имаме одиграно шест натпревари, а Македонија се радувала петпати, додека еден меч завршил нерешено. Имаме дадено 15 гола, а примено само два од овој ривал, што јасно покажува дека македонските навивачи в четврток треба да очекуваат нова радост.

Освен дуелот во Скопје, во следните неколку дена ќе се играат многу квалификациски натпревари и сите ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести