Денешниот е прв ден одмор по осминафиналните дуели на Европското првенство, но тоа на значи дека Sport Life не подготви Квоти на денот кои нема да привлечат внимание. Нивната вкупна квота е 51.9, а ниедна не е помала од коефициент 2.
Првиот меч почнува напладне, се работи за дуелот меѓу Јокохама Маринос и Саган Тосу од првенствто на Јапонија. Предлогот е победа на домаќинот и два гола во второто полувреме, што носи квота 2.55.
Од Јапонија преселба во Норвешка, на мечот меѓу Сандефјорд и Тромсо, каде што треба да паднат најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња и тоа дава одличен коефициент, 2.05.
Бразилците играат и оваа вечер, а доколку на натпреварот Васко де Гама и Форталеза типот биде „кец“ кога било на мечот, тогаш квотата е 2.15.
Шарлот и Интер Мајами ќе се сретнат во МЛС-лигата на САД, а ако двете екипи постигнат барем по еден гол и бидат распоредени најмалку по еден гол во двете полувремиња, тоа е Квота на денот што треба сериозно да се земе предвид и носи 2.10.
За крај, повторно Бразил и дуелот меѓу Атлетико МГ и Фламенго. Доколку има „двојка“ кога било во текот на натпреварот, тогаш има вредност 2.20.