Sport Life издвои три натпревари од последниот ден од групната фаза на Европското првенство, од кои еден е големо дерби меѓу светскиот првак Франција и европскиот првак Португалија.
Во Будимпешта е најавен спектакл во кој се очекуваат голови во двете полувремиња, односно од еден до три гола во двата периоди за квота од 2.35.
Германија треба да го осигури пласманот во нокаут-фазата, така што против Унгарија треба да постигне најмалку три гола, од кои еден да падне во првите 45 минути за квота 2.20.
И Шпанија брка пласман во осминафиналето, а ќе го обезбеди само доколку ја надигра Словачка во меч во кој би требало да има најмалку два, а најмногу четири погодоци за квота 1.90.