Квотите на денот се со вкупен коефициент 87, а во понудата се пет гиганти кои вреди да се одиграат

Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот се со виситински фудбалски гиганти кои доколку ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 87,29.

ПСЖ се наоѓа во серија од три порази по ред во сите натпреварувања, а денеска пред своите гледачи ќе игра против Лил и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта двата тима да постигнат гол и да има по најмалку еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.20.

Манчестер јунајтед пред своите гледачи го пречекува Лестер ѝ е фаворит за победа. Квота од 1.85 се добива ако одиграте Црвените ѓаволи да постигнат помеѓу два и четири гола.

Најголема е квотата за натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Херта Берлин и изнесува 2.60. Оваа квота се добива ако одиграте дека Милионерите ќе бидат убедливи, односно ќе биде „кец во кец“ и ќе бидат постигнати меѓу два и пет гола.

Јувентус и гостува на Специја и мора да освојува бодови откако беше казнет од Италијанската фудбалска федерација. За играта Х2&3-6 гола, коефициентот е 2.55.

Последниот предлог е од дуелот меѓу Барселона и Кадиз каде каталонскиот тим е апсолутен фаворит. За играта Барселона да постигне помеѓу еден и три гола и во двете полувремиња, квотата изнесува 2.10.

- Оглас -

Најнови вести