Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година имаше одличен старт на квалификациите и стартуваше со сензационална победа од 0-1 на гостувањето во Шведска. Следуваше домашен меч со фаворизираната Холандија, која среќно дојде до победата иако според играта и шансите, Македонија требаше убедливо да победи.
Шанса за нови бодови избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе имаат денес, на гостувањето кај Молдавија, репрезентација која има три порази во серија откако на стартот од квалификациите го победи Гибралтар.
Квотите во Sport Life се јасни, Македонија е голем фаворит со квота од 1.70 и очекувањата се дека со овој натпревар ќе се заокружат трите победи на македонските фудбалски репрезентации кои се активни денес.