Победата над Германија донесе голема радост во Англија, Англичаните се на седмо небо и веруваат дека се непобедливи, пеат за враќање на фудбалот дома, распоредот во нивната половина од костурот ги прави фаворити за место во финалето.
Англичаните, кои уште немаат примено гол на ЕВРО 2020, убедени се дека ќе играат финале на ЕП и чекаат само кој ќе им биде ривал на „Вембли“. Преголемата самоувереност може да биде проблем за нив, но и букмејкерите во обложувалниците сметаат дека сега Гордиот Албион избива во преден план.
Во обложувалниците Sport Life, квотата за европска титула на Англија падна на 3.00. Квотата за титула на Шпанија е 4, за Италија е 5, за Белгија 8, а за Данска 11.