Квотите за Хамилтон и Леклер да го повторат успехот од претходните две трки се фантастични (Фото)

После речиси едномесечна пауза, викендов продолжува Формула 1 натпреварувањето со трката за ГН на Холандија. Возачите денес ќе се натпреваруваат за пол-позицијата пред утрешната трка.

Како и на сите трки оваа сезона, фаворитската улога ја има Макс Ферстапен со квота од 1.40 да стигне до пол-позицијата, но на последните две трки тоа не му успеваше. На последната трка Чарлс Леклер дојде до пол-позицијата откако Ферстапен беше казнет, а за да го повтори овој успех, возачот од Монако има неверојатна квота од 20.

На претпоследната трка за ГН на Унгарија, подвигот да го симне од пол-позицијата најдобриот возач оваа сезона, го направи Луис Хамилтон, кој има одлична квота од 8.50 да го повтори овој успех.

Сепак, најголем фаворит да се најде во првиот ред заедно со Ферстапен има Ландо Норис, за кого квотата дека ќе биде помеѓу најбрзите тројца во квалификациите е 1.85.

- Оглас -

Најнови вести