Кошаркарите на ЛА лејкерс немаат друг избор освен да победат на претстојниот меч против Минесота тимберволвс, ако сакаат да се одржат во живот во НБА плејофот. Ривалите водат со 3-1 во победи, откако двапати по ред славеа на последните два меча.
Но, сега серијата е во Лос Анџелес, па Леброн Џејмс и Лука Дончиќ со соиграчите ќе мораат да одиграат најдобро што умеат, за да „преживеат“ и да ја продолжат сезоната.
Квотите велат дека се фаворити, но ќе мораат да го покажат тоа и на теренот.
Хјустон рокетс се исто така пред ѕид и мораат да слават на вечерашниот дуел против Голден Стејт вориорс. Воините имаат водство од 3-1 во победи.
Покрај стандарните квоти, во Полноќниот експрес се подготвени и многу други игри, на индивидуалниот ефект на кошаркарите, за поени, асистенции, скокови и за постигнати тројки.
