Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја забележаа и четвртата победа по ред, откако вечерва на домашен терен го совладаа Кливленд со 116-97. „Еџерџиите“ важеа за фаворит на овој натпревар, а тоа го оправдаа и на паркетот и ги добија сите четири четвртини.
Домашните тргнаа сигурно во мечот, имаа +3 после првиот период, предност која порасна на +9 на полувремето. Во вториот дел предноста на ЛА Лејкерс постојано растеше, а гостите не успеваа резултатски да фатат приклучок.
Расел со 28 поени беше најефикасен во победничкиот состав, додека Гарланд со 26 поени беше најефикасен во редовите на Кливленд.