Ла Лига го прогласи Столе за крал, на нашиот голман прв му честиташе Ракитиќ (Фото)

Двете одбрани со кои Столе Димитриевски се прослави во судиското продолжение, и спречи победа на Севилја против Рајо Валјекано, не останаа незабележани од шпанските медиуми, ниту од Твитер профилот на шпанската Ла Лига.

Веднаш по завршувањето на мечот, Хрватот Иван Ракитиќ, му честиташе на Столе за одбранетите шутеви на Марсијал и Дилејни во самиот финиш, а со фотографијата од Македонецот и Хрватот, од Ла Лига ставија наслов „ДимитриевсКИНГ“. Кинг на англиски е крал, па играта со буквите јасно асоцира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести