Столе Димитриевски и ВАР ја запреа Севилја на „Валјекас“

Рајо Валјекано и Севилја одиграа интересен меч кој заврши нерешено 1-1. На голот на Рајо се врати Столе Димитриевски, кој со две одбрани во судиското продолжение, од кои едната феноменална, го спаси својот тим од пораз, иако десетина минути порано се повреди и бараше лекарска помош.

Севилја има серија од 13 меча по ред без пораз од Рајо, но тоа им е слаба утеха, сега не само што се далеку од водечкиот Реал Мадрид, туку сериозно им е загрозена и втората позиција. Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги, своето деби као тренер, го имаше на истиот овој стадион, како шеф на стручниот штаб на Рајо во август 2003 година.

Стрелец за Рајо беше Бебе после само 49 секунди игра во второто полувреме, а и претходниот негов гол за Рајо беше против клуб од Севилја, тогаш ја затресе мрежата на Бетис.

Севилја изедначи со гол на Дилејни, но Андалузијците и понатаму сезонава немаат победа на меч на кој противникот поведувал со 1-0. Севилја немаше среќа со ВАР, им беа поништен гол и досуден пенал.

- Оглас -

Најнови вести