Ла Република: Серија А ќе продолжи дури во јуни

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека фудбалските авторитети веќе се откажале од идејата Серија А да продолжи на 2. мај и најоптимистичкото сценарио сега е да почне повторно да се игра фудбал на Чизмата од почетокот на јуни.

Ова ќе биде соопштено во вторник, на 24. март, како што објави италијанскито медиум, а сезоната ќе трае до 30. јули, иако препораките на УЕФА се сите домашни шампионати во Европа да завршат до 30. јуни.

Ситуацијата со Коронавирусот е лоша во Италија, земјата што има најмногу смртни случаи, а и бројот на заразени со опаснуиот вирус и бројот на починати секојдневно расте.

Досега се одиграни 26 кола, или две третини од првенството, па останува за да се комолетира сезоната во Серија А да се одиграат уште 12 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести