20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Лајпциг го комплетираше најголемиот трансфер во историјата на клубот

Германскиот бундеслигаш Лајпциг во своите редови го доведе Лиос Опенда. Ова е фудбалерот кој треба да биде замена за Кристофер Нкунку, кој летово направи трансфер во англискиот Челзи и тоа за сума од 60 милиони евра.

Опенда е белгиски репрезентативец кој во минатата сезона настапуваше за Ленс, а сега доаѓа во Лајпциг за трансфер вреден 38 милиони евра, плус бонусите. Со овој трансфер, Опенда стана најскап фудбалер во историјата на германскиот клуб.

Белгискиот репрезентативец во минатата сезона одигра 42 меча за Ленс и постигна 21 погодок. Пред да дојде во Ленс, има настапувано и за Витезе и Бриж.

- Оглас -

Најнови вести