Германскиот бундеслигаш Лајпциг официјално го назначи Оле Вернер за нов шеф на стручниот штаб. Триесет и седумгодишниот германски стратег доаѓа од Вердер Бремен и потпиша договор до 2027 година.
По разделбата со Марко Розе во март, тимот привремено го водеше Жолт Лев до крајот на сезоната. Сега, клубот од Бундеслигата конечно обезбеди трајно решение на тренерската позиција.
Токму новиот тренер ќе треба да ја одреди судбината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во договор со раководството на клубот. Елмас беше на позајмица во Торино, но тој е под договор со Лајпциг.
„Оле е млад, амбициозен и перспективен тренер кој ќе го направи следниот клучен чекор во својата кариера токму со нас“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Марсел Шефер.