Лајпциг го отпушти спортскиот директор поради незалагање

Германскиот бундеслигаш Ред Бул Лајпиг, одлучи да ја прекине соработката со својот спортски директор, Макс Еберл, поради невобичаена причина.

Тимот во соопштението објави дека причина за разделбата со Еберл е неговото „незалагање“ за клубот. На негово место е именуван Рувен Шредер.

Германските медиуми шпекулираат дека Еберл нема долго да биде без работа, и се очекува наскоро да се пресели во редовите на шампионот Баерн Минхен, кој уште во мај годинава беше заинтересиран за него откако го отпушти својот спортски директор, Хасан Салихамиџиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести