17.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Лајпциг во јануари ќе го продава Елиф Елмас за 15 милиони евра

Бундеслигашот Лајпциг планира да го продаде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во претстојниот зимски преоден рок, пренесува германскиот медиум „Билд“.

Елмас летоска пристигна во Лајпциг од Наполи за 24 милиони евра, но не успеа да се наметне во тимот на тренерот Марко Росе. Во тековната сезона одигра само два натпревари во Бундеслигата, со вкупно 44 минути на теренот, што јасно покажува дека тренерот не смета на неговите услуги.


Македонскиот репрзентативец нема да игра до крајот на декември поради повредата што ја заработи на натпреварот против Летонија во Скопје во рамките на Лигата на нациите.

Според информациите на „Билд“, Лајпциг не планира да го испрати Елмас на позајмица, туку планира да го продаде. Клубот е подготвен да прифати обесштетување од 15 милиони евра, а за Елмас постои интерес од неколку италијански клубови, Наполи, Фиорентина и Аталанта, како и од турските гиганти Фенербахче и Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести