Марко Розе е нов тренер на РБ Лајпциг. Некогашниот тренер на Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах, потпиша двегодишен договор со Црвените бикови, и ќе биде наследникот на Доменико Тедеско со кого беше прекината соработката после убедливиот пораз од Шахтар во Лигата на шампионите.
Инаку, Розе е роден во Лајпциг, од 1995 до 2000 година има играно за овој клуб, а како тренер работел и во Салцбург, каде истотака како во Лајпциг, главен спонзор е Ред Бул.
Розе кој има 45 години, во мај беше сменет од кормилото на Дортмунд со кој го освои второто место во Бундеслигата.