32.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Лајпциг ја одби понудата на Њукасл за Бењамин Шешко, во трката се враќа Манчестер јунајтед

Њукасл доживеа првичен неуспех во својата намера да го доведе Бењамин Шешко од Лајпциг, откако германскиот клуб ја одби нивната понуда вредна 80 милиони евра (приближно 69 милиони фунти), објави „Атлетик“.

Според истиот извор, Лајпциг не е задоволен со условите на понудата, тие бараат најмалку 75 милиони евра, плус бонуси што би ја зголемиле конечната вредност на зделката над понудената сума, како и процент од идна продажба на словенечкиот голгетер.

Најновите шпекулации за можно заминување на Александар Исак го натераа Њукасл да започне активно да бара потенцијална замена. Шешко, еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа, е високо на листата, а неговиот потпис е предмет на конкуренција и од Манчестер јунајтед. Ова сега поторно им нуди можност на Црвените ѓаволи да се вратат во трката за потписот на Шешко.

Дополнителен показател дека Шешко е блиску до заминување во Премиер лигата е неговото отсуство од тимот на Лајпциг за контролниот меч со Аталанта. Очекувањата се дека Њукасл наскоро ќе се врати со нова, подобрена понуда, но и дека Манчестер јунајтед исто така ќе достави нова сума.

- Оглас -

Најнови вести