Се чини дека се ближи крајот на престојот на Елиф Елмас во Лајпциг. Македонскиот фудбалер не е задоволен од минутажата и тоа го знаат во клубот, па веќе поставиле и цена од 15 милиони евра по која би го продале Елмас.
Според пишувањето на обично добро информираните новинари на „Билд“, Јирген Клоп како вработен во Ред Бул (главен спонзор на Лајпциг) составил листа на играчи кои треба да бидат продадени и со парите од нивната продажба, кои играчи треба да бидат купени за Лајпциг да се бори за титулата во следната сезона, иако во клубот не се расположени за продажба на ѕвезди во јануари.
Приоритет им е да го откупат договор на Чави Симонс, а скапо би ги продале Бенјамин Шешко или Кастело Лукеба.
Приход треба да донесат незадоволните играчи и оние кои малку играат. Тоа се Андре Силва, Елиф Елмас, Кевин Кампл, Јусуф Поулсен и Бенџамин Хенрикс, пишува „Билд“, а цената на која се проценува 25-годишниот Елмас е 15 милиони евра.