Лајпциг од врвот ќе го чека големото дерби и ќе навива за Дортмунд (видео)

Лајпциг со убедливите 3-0 на гостувањето кај Фрајбург ја запиша 16-тата лигашка победа со која застана на врвот на табелат во Бундеслигата со еден бод повеќе од актуелниот првак Баерн Минхен. Биковите вечерва како лидери ќе го проследат големото „Дер Класикер“ дерби во кое со сигурност ќе навиваат за Дортмунд.

Пред полувремето Нкунку ја отвори средбата со ефектен погодок, за по нешто повеќе од еден час игра дилемите да ги реши Сорлот кој зголеми на 2-0. Конечниот резултат го постави Форсберг за шеста лигашка победа во низа за Лајпциг.

https://streamable.com/hv9ana

Баер Леверкузен со минималните 1-0 славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Со голот на Патрик Шик во 76-тата минута, Фармацевтите ја остварија првата гостинска победа во шампионатот по речиси три месеци пауза.

https://streamable.com/aovg2a

Франкфурт и Штутгарт ремизираа при конечни 1-1, додека идентични победи од 2-1 забележаа Херта и Хофенхајм, против Аугсбург, односно Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести