Лајпциг ќе преноќи на лидерската позиција во Бундеслигата, откако Црвените бикови на Џулијан Нагелсман убедливо славеа против Вердер Бремен со 3-0. Оправдувајќи ја фаворитската улога против тимот кој се бори за опстанок, Лајпциг лесно ги освои трите бода, односно ја запиша 13-тата победа по 22 кола.
За враќање во победнички ритам по три лоши резултати, се погрижија Клостерман и Шик уште во првиот дел, додека конечниот резултат го постави Мукиеле, дефанзивецот кој реализира по 34 секунди по стартот на второто полувреме.
Лајпциг сега е лидер со 45 бода, два повеќе од Баерн Минхен кој утре гостува кај Келн, додека Вердер останува при дното на табелата со 17 бода.
Останати резултати од 22-то коло во Бундеслигата:
Аугзбург 1-1 Фрајбург, Хофенхајм 2-3 Волфсбург, Падерборн 1-2 Херта, Унион Берлин 2-3 Баер Леверкузен.