Лајпциг успешно ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата, но потешко од очекувањата стигна до триумф од 1-0 против Бохум на домашен терен. Стрелец на победничкиот гол беше новото засилување Антонио Нуса во 59-тата минута, а Елиф Елмас остана на клупата за резерви.
⚽️🇩🇪 RB Leipzig 1-0 Bochum | Antonio Nusapic.twitter.com/R8R2BN3DSo
— PushGoals (@PushGoals) August 24, 2024
Лајпциг од 85-та минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Вили Орбан, кој доби црвен картон поради груб старт. Кај Бохум, Агон Елези исто така остана на клупата за резерви.
Фрајбург го совлада Штутгарт со 3-1, а Хофенхајм беше подобар од Холштајн Кил и славеше со 3-2. Аугсбург и Вердер ремизираа 2-2, а по еден поделија и Мајнц и Унион Берлин (1-1).