Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, и третиот натпревар на Лајпциг во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона беше стартер. Нашиот фудбалер се најде во стартната постава и на натпреварите од американската турнеја, против Астон вила и Вулверхемптон.
Сепак, Елмас на денешниот натпревар против ПСЖ кој заврши нерешено 1-1, беше заменет уште во 38-мата минута, но нема информација дали се работи за повреда или за тактичка одлука на Росе.
Што се однесува до натпреварот, Лајпциг поведе преку Опенда во 13-тата минута, а ПСЖ израмни преку Рамос во 70-тата. За екипата на Лајпциг ова беше последен пријателски меч во подготовките, а веќе следната сабота ќе одиграат натпревар од Купот на Германија против Есен на гости.