Екипата на Лајпциг забележа голема победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а уште поголем е поразот на Баерн Минхен со оглед на тоа дека сега Борусија е на само чекор од титулата во Бундес лигата и сама од себе зависи во борбата за титулата.
Дуелот започна одлично за “баварците“ и веќе во 25-тата минута Гнабри ги донесе домашните во водство од 1-0. Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт. Најпрво Лајмер во 65-тата минута израмни на 1-1, а потоа прецизни од удари од 11 метри беа Нкунку и Собослаи за голема победа од 3-1 за Лајпциг.