Фудбалерите на Лајпциг за малку ќе направеа „од готово – вересија“ и ќе испуштеа предност од три гола разлика против Волфсбург. Сепак, на крајот Лајпциг успеа да ја сочува победата од 2-3 и да се врати во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Симонс двапати и Опенда еднаш, погодија за убедливи 0-3 за Лајпциг, но домашните не се откажаа па најпрво во 58-мата минута преку Фишер намалија на 1-3, а потоа и преку Сков Олсен комплетно се вратија резултатски во мечот. Сепак, иако имаа 15 минути до крајот, не успеаја да погодат и третпат.
Лајпциг со оваа победа дојде до 48 бода, колку што има и третопласираниот Ајнтрахт Франкфурт и само ја разгоре борбата за пласман во Лигата на шампионите. Петтопласираниот Мајнц има 46 бода.