Клупската сезона е завршена за најголемиот дел од фудбалските екипи, со исклучок на тие кои ќе настапуваат на Светското клупско првенство или во шампионати што се играат според календарската година. Овој период беше идеален за Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) да објави ново истражување за моменталната трансферна вредност на фудбалерите.
На врвот на листата убедливо се наоѓа младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, чија вредност е проценета на неверојатни 402,3 милиони евра.
Втор на листата е норвешкиот напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд со 239,6 милиони евра, а трет е англискиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Џуд Белингам, со проценета вредност од 233,8 милиони евра.
Во „елитниот клуб“ од над 200 милиони се само овие тројца. На четвртото место е Килијан Мбапе од Реал Мадрид, со 192,5 милиони евра, а топ 5 ја комплетира Џамал Мусијала од Баерн Минхен со 154,8 милиони евра.
Топ 20 највредни фудбалери според ЦИЕС (во милиони евра)
Ламин Јамал (Барселона) – 402,3
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 239,6
Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 233,8
Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 192,5
Џамал Мусиала (Баерн Минхен) – 154,8
Педри (Барселона) – 143,7
Винисиус јуниор (Реал Мадрид) – 130,4
Кол Палмер (Челси) – 126,5
Хулијан Алварез (Атлетико Мадрид) – 126,0
Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) – 122,3
Родриго (Реал Мадрид) – 120,5
Пау Кубарси (Барселона) – 118,0
Жоао Невеш (ПСЖ) – 117,8
Букајо Сака (Арсенал) – 115,1
Морган Роџерс (Астон Вила) – 114,2
Бењамин Шешко (Лајпциг) – 113,5
Дезире Дуе (ПСЖ) – 108,7
Чави Симонс (Лајпциг) – 106,3
Лаутаро Мартинез (Интер) – 105,1
Александар Исак (Њукасл) – 103,1
Како ЦИЕС ја пресметува вредноста на фудбалерите?
CIES користи статистички модел базиран на економетриска анализа. Главните фактори што влијаат на пресметката се:
Возраст на играчот – помладите имаат поголем потенцијал и вредност
Позиција на теренот – напаѓачите генерално имаат повисоки вредности
Должина на договорот – подолг договор = поголема вредност
Претходни трансферни суми
Настапи и статистика на теренот
Клуб и лига во која играат
Меѓународна кариера
Освоени трофеи и индивидуални награди
Медиумско присуство и маркетинг потенцијал
Трендови на трансфер пазарот и инфлација
Овој модел на ЦИЕС е сметан за еден од најпрецизните во светот кога станува збор за пазарна проценка на фудбалери.