Поранешниот англиски репрезентативец и член на Челзи, Френк Лампард, по пауза од една година би можело да се врати на тренерската работа, каде што досега не се снајде најдобро.
Лампард е главен фаворит да седне на клупата на Барнли, објавија англиските медиуми. Доколку дојде до договор, Лампард ќе го наследи Винсан Компани, кој вчера беше промовиран како нов тренер на Баерн Минхен.
Лампард е без работа од минатата година, кога по вторпат доби отказ од Челзи, а претходно беше тренер на Евертон и на Дерби каунти, но немаше забележителни резултати.