Испишана историја, ваква ситуација во четвртфиналињата никогаш немало на гранслемите

Годинешното Отворено првенство на Австралија влезе во историјата на тенисот како прв гранслем-турнир во новата тениска ера (од 1968 година наваму) на кој и кај мажите и кај жените во четвртфинале има шестмина или повеќе од првите осуммина носители.

Некој би рекол турнирот е здодевен, нема големи изненадувања, но затоа пак сега претстојат спектакли, најдобрите ќе се борат за трофејот.

Кај мажите, во четвртфиналето се седуммина од првите осуммина носители. Го нема само Феликс Оже-Алијасим, кој беше седми носител. Во четвртфиналето од тие што не се во топ 8 на светот влезе само Лирнер Тиен, кој е 25-ти.

Во женска конкуренција, тука се најдобрите шест на ВТА-листата: Арина Сабаленка, Ига Швојнтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Елена Рибакина и Џесика Пегула.  Покрај овие шест тенисерки, во четвртфиналето се и талентираната Ива Јовиќ, која е 27-ма на ВТА-листата, и Украинката Елена Свитолина, која е 12-та.

Инаку кај дамите, од осумте четвртфиналистки, половината се Американки.

- Оглас -

Најнови вести