Евертон со неверојатната победа од 3:2 над Кристал палас на едно коло до крајот го потврди опстанокот во Премиер лигата. Иако Карамелите на полувремето имаа негатива од 0:2, на крајот успеаја да направат пресврт и да донесат радост на „Гудисон парк“ во оваа турбулентна сезона за нив.
Предводникот Френк Лампард беше радосен за победата, па затоа даде една интересна изјава.
„Овој тим има карактер и можам да кажам дека Евертон следната сезона ќе се бори за место во топ четири. Со оглед на околностите, опстанокот во оваа сезона навистина е голема работа, а веќе од наредната недела ќе работиме за следната сезона“, изјави Лампард.
Проценете сами дали Евертон би имал шанси во топ четири со екипите на Манчестер сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал, Тотенхем, па и Манчестер јунајтед.