Френк Лампард и официјално е наименуван за нов привремен тренер на Челзи, а договорот му е до крајот на сезонава.
Лампард веднаш се фати за работа бидејќи Сините задутре имаат премиерлигашко гостување кај Вулверхемптон. Лампард најголемиот дел од играчката кариера го мина во Челзи, а и од клупата го водеше Челзи во периодот од летото 2019 до јануари 2021.
„Ова е мој клуб, па одлуката да се вратам беше лесна. Јас сум практична личност, бев на различен пат по заминувањето од клубот, но убаво е што ќе можам да му помогнам на клубот до крајот на сезонава. Верувам дека можам да помогнам и среќен сум што ја добив оваа шанса. Сум работел со многу од играчите, ги знам и стадионот, тренинг-центарот, во следниот период ќе им го дадеме на фановите тоа што го сакаат, а по завршувањето на сезонава, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Лампард.