Холанѓанецот Шарлон Клоф, кој во 2017 година како играч на МЗТ Скопје Аеродром беше МВП на финалето на плејофот во нашето првенство, покажува дека за него не е проблем да биде атрактивен и во шпанската лига, и да забива преку евролигашки играчи.
Викендов, атрактивниот Клоф, кој е играч на Мурсија, на мечот со Басконија имаше потег кој треба да се види:
https://twitter.com/twitter/statuses/1054032158707216384
Со одлични игри во шпанскиот шампионат се истакнува и Тадус Мекфејден, кој во есента 2017 година го носеше дресот на Карпош соколи. Мекфејден сега игра за Тенерифе и во моментов е стрелец број 1 во силната шпанска лига.
Погледнете го неговиот потег кој е на прво место на листата на Топ потези викендов во Шпанија: