Актуелниот шампион на Вимблдон и втор светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ, ги дозна противниците кои му стојат на патот кон одбрана на титулата на најпрестижниот тениски турнир.
Ѓоковиќ во првото коло на Вимблдон кој започнува в понеделник, ќе игра против Педро Качин од Аргентина, а во четвртото коло можни противници му се Лоренцо Мусети и Хуберт Хуркач. Ако обезбеди пласман во четвртфиналето, би можел да игра со Андреј Рубљов или Ник Кирјос кого го победи во ланското финале.
Wimbledon men’s singles draw pic.twitter.com/JBz8sCbNIj
— Michal Samulski (@MichalSamulski) June 30, 2023
Евентуални противници во полуфиналето му се Каспер Руд, Тејлор Фриц и Јаник Синер.
Првиот носител Карлос Алкарас во првото коло ќе игра против Французинот Жереми Шарди. Можен противник во четвртфиналето би му бил Холгер Руне, додека во полуфиналето може да се сретне со Данил Медведев или Стефанос Циципас.
Во женска конкуренција, првата носителка Ига Швјонтек во првото коло ја очекува меч против Жу Лин, Елена Рибакина ќе игра против Шелби Роџерс, а интересни се очекува да бидат и дуелите меѓу Марија Сакари – Марта Костјук, Каролина Мухова – Џули Нимаер, Коко Гоф – Софија Кенин, Кејти Свон – Белинда Бенчич.